Овие три хороскопски знаци не можат без секс

од Stefanija Kuzmanovska
380 прегледи

Ако ги прашате астролозите, постојат три хороскопски знаци кои најтешко ја издржуваат апстиненцијата од сексот.

Апстиненцијата најтешко ја поднесуваат Близнаците, Шкорпиите и Стрелците. За нив е тешко да живеат без секс, како и без други форми на интимност.

Близнаците брзо ја губат самоконтролата. Тие се паметни и љубопитни, а таа особина ја пренесуваат и во креветот. Тие сакаат флертување, валкани разговори и играње улоги во сексот.

Скорпија е веројатно хороскопскиот знак кој најтешко би ја издржал апстиненцијата од секс. Скорпијата обожава забрането овошје. Таа е сексуален знак, па затоа е и вистински заводник.