Мерката со 14,500 денари по вработен со олеснети критериуми

од Берта Китинска
320 прегледи

Еврообврзницата ќе биде издадена кога ќе бидат создадени најповолни услови. Процесот е започнат и постапката тече, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција во Владата.

– Се работи за сензитивна информација во однос на точниот тајминг. Го следиме пазарот и кога ќе бидат создадени најповолни услови, планираме да излеземе со издавање на еврообврзницата, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање.

Посочи дека наместо најавениот Bridge to bond заем или заем за премостување, одлучено е дека посоодветно и подобро решение во моментот за земјава е да оди со еврообврзница.

– Ова е сценарио кое земајќи ги предвид сите ризици и сите фактори, одлучивме дека е посоодветно и подобро за нашата земја во овој период, нагласи Ангеловска.

Потсети дека во меѓувреме обезбедени се 176 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд и оти во фаза на преговарање се 160 милиони евра од ЕУ од Инстирументот за макрофинансиска помош. Дополнително, на располагање на земјава и се ставени и 50-те милиони евра од Светска банка за поддршка за реализација на мерката за исплата на плати од 14.500 денари, како и дополнителни 90 милиони евра од Светска банка од Инструментот за спсравување со итните потреби на државите со КОВИД кризата.

Компаниите погодени од кризата од петок, 1 мај веќе можат да аплицираат за мерката субвенции за плата од 14.500 денари, чии критериуми се олеснети.

-Компаниите што имаат до 50 вработени ќе може да отпуштат најмногу 15 проценти од вработените во периодот кога се користи мерката, а за оние со над 250 вработени дозволени се максимум пет проценти отпуштања. Управата за јавни приходи го надгради системот за аплицирање и добивање на средствата за исплата на минимални плати за вработените во приватни фирми кои забележале загуби поради кризата со коронавирусот, што е една од една од економските мерки на Владата.Оваа мерка се воведува токму заради тоа да се спречи отпуштање на вработени, изјави  директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

 

Слични содржини