205
На својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче информираше дека денеска го добил резултатот од неговиот втор тест на Ковид 19.
-Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на КОВИД-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова практично завршува мојата 14-дневна изолација. која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик.Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и се функционираше беспрекорно. Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката, напиша Филипче.