Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев на денешната прес-конференција информираше за новитетот во издавање на електронски рецепт.
-Од утре се воведуваат електронски рецепт е-рецепт, за хронична терапија за хронично болни лица. Хроничните болни лица ќе нема потреба да одат на матичен за да им биде издаден хартиен рецепт.Корисниците ќе треба телефонски да исконтактираат со матичниот лекар и да добијат информација за креирањето на рецептот. Потоа одат во аптека и со документ за лична документација ќе може да ги добијат пропишаните лекови, најави Дончев.
Воедно тој напомена дека Фондот за здравство ќе плаќа по 100 проценти плата на сите здравствени работници кои директно се поврзани со справување со коронавирусот и кои го добиле заболувањето на своето работно место.