Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека протоколите се подготвени за примена, но се уште не се знае точно датумот кога ќе бидат презентирани.
– Протоколите се подготвени, но датумот е се уште рано да се соопшти, тоа што сакам да го напоменам дека олабавувањето на мерките се уште не се најавени, и кога тие ќе се тргнат ќе постои некои правила кои ќе мора да се почитуваат. Голем дел кај нас мали продавници, фабрики не се затворија, ние го избравме оној модел на рестрикции кој одговара на нашиот менталитет и нација и еве го резултатот се намалува бројот на тестови и бројот на заболени. Овие мерки дадоа резултат. Секој земја си одбра свој систем. Во однос на СЗО, за резултат во Шведска и нивниот модел на примена не може да се прифати како универзален, изјави Филипче.