
Научниците во Канада пронајдоа антитела кои можат да се користат за да се направи лек за новиот коронавирус, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.
Тој истакна дека клиничките испитувања може да започнат уште во јули,
Во своето редовно обраќање до нацијата, канадскиот премиер истакна дека властите ќе продолжат да ги поддржуваат истражувачите кои даваат значаен придонес во борбата против Ковид-19.
Тој посочи дека 175 милиони долари (околу 122 милиони американски долари) ќе бидат издвоени за поддршка на канадска компанија, за која рече дека спроведува многу ветувачки истражувања за „Ковид-19“, пренесе Спутник.
„Тие (научниците) пронајдоа антитела што можат да се користат во лекови за лекување на оваа болест“, рече Трудо.
Бројот на заразени со вирусот во Канада достигна 59.357 лица, со најголем број случаи регистрирани во провинциите Квебек и Онтарио. 3.675 луѓе починале од избувнувањето на епидемијата.
Според најновите податоци, повеќе од 3,53 милиони случаи на заразени се регистрирани ширум светот, а повеќе од 247.000 луѓе починале.