Спасовски: Го продолжуваме делото на нашиот великан Гоце Делчев!

од Берта Китинска
360 прегледи

Го продолжуваме делото на нашиот великан Гоце Делчев!Гоце Делчев е светлото име кое ја означува нашата борба за слобода и за независна Македонија.Гоце Делчев е нашиот голем учител, нашиот пожртвуван револуционер, нашиот патоказ кон иднината, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски по повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.


Премиерот на својот Фејсбук профил  го цитираше Пејо Јаворов, соборец на Делчев и негов прв биограф, „македонскиот народ го гледаше во неговото лице најблискиот, најверниот, најсаканиот свој учител, пријател и син“.

-Со својата мисла и дело Гоце Делчев е личност која сплотува и обединува, не само во Македонија, туку и пошироко. Не само во минатото, туку и денес во современа Северна Македонија и пошироко.Како што укажа неодамна и Кица Колбе: Визијата на Гоце Делчев за „културниот натпревар“ ја антиципира идејата на европското обединување половина век пред нејзиното пројавување по Втората светска војна.117 години по неговата трагична смрт, наша должност е да го продолжиме неговото дело и да го негуваме и почитуваме Гоце Делчев како лик кој сплотува, обединува и мотивира на борба за уште поголеми слободи и права и културен натпревар меѓу сите народи, напиша Спасовски.

Слични содржини