Чулев: Припадниците на МВР со хеликоптерот извршувале тренажен лет

од Берта Китинска
315 прегледи

-Денес околу 11.30 часот пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР M 17 се превртел. Во него биле пет лица, а кај едно лице се утврдени лесни телесни повреди, информираше на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Како што напомена министерот, согласно годишниот план за редовни активности, припадниците на МВР извршувале тренажен лет.

-Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за воздухопловство ќе ги преземе сите неопходни мерки, а во соработка со Агенција за цивилна и воздушна пловидба ќе се формира комисија која ќе треба во целост да ги утврди фактите и околностите под кои се случил настанот.Жалам за незгодата, но позитивна вест е фактот дека во истата нема жртви или повредени со потешки повреди, напиша Чулев на фејсбук.

Слични содржини