144
-Направени се протоколите за функција на угостителските објекти. Доставени се протоколите до економските субјекти кои веќе се изјаснија за своите мислења кои се разгледуваат. Се очекува до крајот на неделава од почетокот на следната недела тие ќе можат да се применуваат. По препораките ќе почнат со работа оние кои ќе организираат шалтерски систем, и оние кои ќе можат да почнат со приемна на протоколите на отворен и на затворен простор, верувам дека во периодот кој следи и до крајот на годината се додека не излезе вакцината ние ќе се придржуваме до светото тројство маска, задолжителна дистанца и дезинфекција на раце, најави министерот за здрвство Венко Филипче на денешната прес-конференција.