Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Јапонија: Прекинат е железничкиот сообраќај

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го потресе источниот дел на Јапонија денес, што предизвика кратко запирање на железничкиот сообраќај, соопшти Јапонската метеоролошка агенција и железнички оператор.

Земјотресот се случил во 22.07 по локално време, на длабочина од 50 километри северо-источно од префектурата Чиба и не е издаденo предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Земјотресот се почуствувалво соседните префектури, вклучително и Токио.