Велика Британија: 288 луѓе починале во последните 24 часа, најмалку од крајот на март

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Во Велика Британија 288 луѓе починаа во последните 24 часа како резултат на коронавирусот, најмалку од крајот на март, изјави министерот за здравство Мет Хенкок.

Вкупниот број на смртни случаи во Велика Британија достигна 28.734, рече Хенкок.

Тој додаде дека очекува бројот на жртви на дневна основа да биде поголем во наредните денови бидејќи бројот на починатите е обично помал во текот на викендот, пренесува Ројтерс.

Болниците во Англија исто така бележат најмал број на смртни случаи на дневна основа од 30 март, бидејќи уште 204 починале во изминатите 24 часа.

Така, вкупниот број на смртни случаи во болниците се зголеми на 21.384, јавува Скај њуз.