Францускиот претседател Емануел Макрон е убеден дека Соединетите држави ќе се приклучат на глобалниот повик за истражување за откривање на вакцината против коронавирус.

Светските лидери и организации денес ветија дека ќе издвојат 7,4 милијарди евра за истражување, производство и испорака на можни вакцини и други третмани за „Ковид-19“, но Соединетите држави одбија да придонесат за оваа глобална акција.
Говорејќи од Елисејската палата, Макрон рече дека разговарал за ова прашање со американскиот претседател Доналд Трамп и е уверен дека во одреден момент, Соединетите држави ќе се приклучат на иницијативата, а тоа е да се пронајде вакцината што е можно поскоро и да се направи достапна во сите земји.
Макрон, кој донираше 500 милиони евра во име на Франција, додаде дека неговата влада постојано разговарала со членовите на администрацијата Трамп и на американските компании, пренесува АП.