Поранешниот  директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков кој е осуден на казна затвор од 18 години за насилствата од 27 април во Собранието, од затвор упати порака:

„Еден ден ќе раскажат за нарачателите и извршителите на политичкиот прогон од едната страна, слепите и глувите пред истиот од другата страна. Ќе раскажат за 95те сложни силувачи на правната држава кои гласаа за законот за селективна амнестија, со кој го легитимираа,, Кацарска судство, Вилма Русковска обвинителство и Телото за пазар на чело со Ременски”, благодарение на кој влегоа директно во финале – промена на уставното име на Република Македонија и закон со кој си избраа жртвени јагниња преку чиви грбови ја задоволија,, Правдата” – пресуди за терористичко загрозување на уставниот поредок.Приказна за жртвените јагниња на неодговорните политичари, приказна за,, државничкиот” амин од надалеку прочуениот патриот претседател Ѓорѓи Иванов.Можеме подобро, ОБНОВАТА ДОЃА“, напиша Чавков на својот Фејсбук профил.

Слични содржини