После два минати дена без ниту еден нов случај на заразен со новиот коронавирус во Словенија, лекарите повторно евидентираа новозаразени лица, јави дописникот на МИА од Љубљана.
![]()
Националниот институт за јавно здравје објави дека вчера се направени нови 1.338 тестирања за новиот коронавирус, а кај шест лица заразата била потврдена.
Сепак намалување има на бројот на лицата кои болнички се лекуваат од Ковид-19, па така во овој момент низ медицинските центри во земјата хоспитализирани се вкупно 56 пациенти, а поради потешка форма на болеста на одделенијата за интензивна нега се третираат 17 лица.
Изминатите 24 часа од болница се отпуштени три пациенти, а еден човек почина како последица од инфекцијата.