294
На денешната прес конференција министерот за економија, Крешник Бектеши изајви дека е спроведен јавен повик за субвенции за печки на пелети.
-Оваа година субвенции ќе добијат 454 домаќинства кои аплицирале до 6 март. Согласно мерката, домаќинствата со ниски примања добиле субвенции во износ од 75% од цената, но не повеќе од 25.000 денари, додека останатите апликанти добиваат поддршка во износ од 50% од трошоците за набавка на печки на пелети, но не повеќе од 20.000 денари.Целта на мерката е стимулација за употреба на поеколошки енергенси за загревање на домовите, рече Бектеши.