96
Во Прилеп денеска се евидентирани тројца новозаболени од Ковид-19, а девет пациенти се излекувани од оваа заразна болест. По еден излекуван пациент има и во општините Крушево и во Пласница.
На инфективното одделение во Општата болница во Прилеп се хоспитализирани 16 лица. Од нив, 11 се позитивни на коронавирусот, а пет пациенти се наоѓаат во делот за изолација. Поради потешката клиничка слика, двајца пациенти се испратени на лекување во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
Во моментов во Прилеп во самоизолација се 241 лице. Инаку, во изминатото деноноќие забележан е еден случај на нарушување на полицискиот час.