Во последните 24 часа се регистрирани седум новозаразени со коронавирус во Хрватска, што е вкупно 2.119 случаи досега.
Националниот штаб за цивилна заштита на прес-конференција соопшти дека 1.080 лица биле тестирани во последните 24 часа.
Според податоците на локалниот штаб, во Копривница починале две лица во домот за стари и немоќни лица.