(ФОТО) Џо Џонас и Софи Тарнер се новиот холивудски пар

од desk2
379 прегледи

Изгледа дека, Џо Џонас (27) и Софи Тарнер (20) често го поминуваат времето заедно, во Европа.

joe-jonas-sophie-turner-a

Пејачот и актерката, позната по хит серијата “Game of Thrones”, беа забележани гушнати заедно, на концертот на групата “Kings of Leon” во Ротердам, Холандија.

Посетителите на концертот изјавуваат за списанието “People” дека ги виделе, како тие двајца се бакнуваат.

joe-jonas-sophie-turner-b

“Тие навистина беа блиски. Неколку пати ги погледнав и видов дека тие се бакнуваат. Таа беше насмеана, а тој изгледаше навистина слатко.” соопштува еден од изворите.

Ова не е прва дружба на Џо и Софи, тие дури заедно ја поминаа и “Ноќта на вештерките”. На фотографија, која беше споделена од нивни пријатели, тој беше облечен како далматинец, а таа носеше розеви зајачки уши.

14677394_1829541433958019_154162890402693120_n-1