151
Министерот за здравство Венко Филипче му се заблагодари на А.Д. Бутел кое донесе одлука да ги намали цените за погреб на починат од корона вирусот.
Управниот одбор на јавното претпријатие ја намалува цената на услугата од 7 до 10 илјади денари за сите погребални случаи каде покојникот починал од ковид-19.
Според протоколите, во вакви случаи потребен е лимен сандак, пластична вреќа во која се става телото на починатиот, како и залемувањето на двата сандака, што влијаеше на цената на услугата.