Веќе е јасно како се победувало на избори. Не е јасно само колкава е бројката на фантомските гласачи. Се потврди и дека изборачкиот список бил каша попара, па запишувани, допишувани или отпишувани, и место за само тие кои се на линија на победникот, а не право на глас за секој полнолетен граѓанин како што е по Уставот.
Владините медиуми и натаму ја дефокусираат приказната, де со крстови, де со орли, де со протести, но фактите се факти. Социјалните мрежи вријат по пуштањето на апликацијата на ДИК граѓаните сами да можат се проверуваат. Тука отворено се покажа кражбата. Уште поголема бомба од оние на Заев и СДСМ.
Никој веќе не е сигурен кој му се брои или води во сопствената спална или дневна соба. Државата или власта сега сите ги направила јавни куќи.
Даниела Рангелова од село Брвеница утрината била изненадена кога добила повик дека на гости ќе им дојде претседателка на унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, објави ТВ24 Вести. Повод за посетата на претеничката е објавата во медиумите дека Рангелова на адреса во тетовско има 127 регистрирани гласачи. Видно возбудена и вознемирена Даниела од Брвеница застанала до Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ. Ги покажаа личните карти. Зборуваше само народната избраничка, домаќинката уста не отвори. Само се сликаше пријателски расположена за тој „славен миг“. Пратеничката како уредничка на редакциски колегиум им порача на новинарите да истражувале подобро. Таа потврди дека случајно имаат исти имиња и презимиња, но темата не беше дали таа ги криела- туку кој регистрирал 127 гласачи на таа адреса, за кого гласале, кој ги запишал. Кому му е битна Рангелова- за криминалот зборуваме. Таа само кажа дека, нели, не било точно дека на адресите на високи партиски фунционери на ВМРО-ДПМНЕ се регистрирани по повеќе гласачи.
А што е со другата„ Рангелова“?- а да новинарите да истражуваат! А да не беше тоа работа на СЈО на ДИК и на институциите?
Ад