A1 Drive-in кино од 29 септември до 5 октомври

од Vladimir Zorba

Во месецот на одбележувањето на првиот роденден од воведувањето на брендот А1 на македонскиот пазар, компанијата А1 Македонија продолжува со изненадувања за јавноста и со задоволство го најавува уникатниот настан за сите љубители на филмот – А1 Drive-in кино, со богата филмска понуда што на сите посетители ќе им овозможи оригинално доживување. Посетителите, од своите автомобили ќе ги следат филмовите што ќе се прикажуваат на специјално проектно платно со DCP проектор, додека звукот што ќе се емитува преку FM фреквенција ќе го следат преку радио уредот во својот автомобил.

На седумдневниот репертоар на А1 Drive-in киното ќе бидат прикажани филмови од различни жанрови, а официјалното отворање на 29 септември во 21 часот ќе започне со проекција на годинашниот оскаровец „Паразит“ (Parasite, 2019). Паркингот на А1 Арената (СЦ Борис Трајковски) е подготвен да пречека по 100 возила за една проекција. Влезниците се бесплатни, со претходна резервација преку веб-страницата www.karti.com.mk.

„Инспирирани токму од нашите корисници и од желбата за безбедна социјализација во време на пандемија, креиравме настан што ќе овозможи уште поголема содржина и повеќе забава за сите, но истовремено ќе понуди и ново, уникатно искуство за сите љубители на седмата уметност. A1 Drive-in киното е организирано согласно сите протоколи за одржување настани на отворено и на сите посетители им посакуваме да уживаат во седумдневните проекции“, изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Во деновите што ќе следуваат, A1 Drive-in киното ќе понуди уште 6 кинопроекции на врвни филмски наслови, односно по еден на вечер, и тоа „Вистина“ (The Truth, 2019), „Уште една тура“ (Another Round, 2020), „Пинокио“ (Pinocchio, 2019), „Офицер и шпион“ (An Officer and a Spy, 2019), „Проксима“ (Proxima, 2019) и популарниот документарец за фронтменот на поранешната група „Оејзис“ (Oasis), „Лиам Галагер: Како што беше“ (Liam Gallagher: As It Was, 2019), кој е предвиден за затворањето на настанот на 5 октомври.

Резервација на влезниците треба да се направи најдоцна до 12 часот на денот на проекцијата и потребно е при влегувањето таа да се покаже на мобилниот телефон или во отпечатена форма. Влезот за сите денови е од 19:30 до 20:30 часот, а, пак, проекциите започнуваат во 21 часот.

Со цел поголема достапност на проекциите за колку што е можно поголем број посетители, бројот на резервации по проекција е ограничен. Притоа, едно лице може да изврши една резервација што важи за едно возило. А, пак, согласно мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, посетителите во возилото треба да носат заштитни маски доколку не се членови на исто семејство.

Со оглед на условите што ги нуди просторот, влезот за A1 Drive-in киното ќе биде овозможен само за автомобили, а не за комбиња, мотори и велосипеди, и тие ќе се распоредуваат на паркингот според времето на пристигнување.

A1 Македонија апелира за задолжително почитување на мерките за заштита и превенција од КОВИД-19.

loading...

Слични содржини