Судскиот предмет „Ровер“ за убиството на Марјан Тушевски е повторно вратен од страна на Апелациониот суд-информра А1он.
Во затворите пристигнала наредба веднаш да се ослободуваат притворените по овој предмет затоа што веќе се поминати две години од одредувањето на мерката притвор.
Ова единствено не важи за екс министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски на кого му останува во затворот во Идризово уште 11 месеци по првата казна затвор за „Кампања“.
Ова е втор пат, Апелациониот суд да го враќа предметот на повторно судење. Апелацискиот суд ја врати пресудата и минатата година, со образложение дека биле направени пропусти во постапката и биле уважени дел од жалбите на адвокатите на обвинетите.
Повеќе ТУКА
