АA: Ако дојде предлог за влез во Владата, ќе составиме конкретни барања

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Сè уште немаме конкретна понуда од извршната власт за можно вклучување во Владата, но доколку добиеме каква било понуда ќе составиме конкретна платформа со барања, како одговор до извршната власт, велат од Алијансата за Албанците.

– Сè уште немаме конкретна понуда, ниту разговори. Има сигнали, сте ги слушнале и самите владини претставници дека се заинтересирани. Но, доколку дојде до некакво барање или предлог за наше вклучување во Владата, ќе составиме конкретна платформа, владејачка програма со точки кои ние цениме дека се важни за граѓаните и државата и ќе ги презентираме како одговор. Доколку се согласат да ги направат тие промени, проекти, напредок, ќе го разгледуваме преземањето одговорности, а ако не, тогаш ние не сме за други пазарења, потенцираат од Алијансата за Албанците.

Слични содржини