Кога и Уставот забранува каква било активност што ги спречува граѓаните да го остварат своето право на глас, актуелната власт го изолира Дебар и ги спречува граѓаните на Дебар да го остварат своето демократско право, велат од Алијанса на Албанците, откако беше објавено дека бил блокиран патот Дебар – Маврово.
Според нив, „во недела, на денот на гласањето, од утринските часови се изведуваат работите на асфалтирање на патот Маврово-Дебар и следствено овој патен правец се држи блокиран“.
-Ваквата состојба ги спречи многу жители на Дебар кои се привремено вработени во други градови да дојдат и да го остварат своето избирачко право. Апелираме надлежните итно да го деблокираат патот и да побараат одговорност од оние кои наредиле вакво сценарио, се вели во партиското соопштение.