Алијанса за Албанците им го честита крајот на учебната година на учениците и наставниците. Но, истовремено реагира и на предизвиците што ги очекуваат наставниците во однос на пополнувањето на свидителствата по електронски пат кадешто наидуваат на проблеми од различни форми. Од една страна, родителите кои со право се жалат зошто треба да плаќаат 80 денари за пополнување на свидителствата, а според законот тоа не е потребно, од друга страна МОН не ги исполнува своите обврски. Иако во електронскиот дневник има можност да се пополни свидителството, тоа е само на македонски, а не и на албански јазик, реагираат од Алијанса за Албанците.
„Ние како Алијанса прашуваме – до кога наставниците Албанци ќе бидат дискриминирани и деградирани како неспособни и принудени да бараат пари од учениците или сами да си ги плаќаат свидителствата, а наставниците Македонци само со притиснување на копчето „печати“ да им се испечати свидителството? Додека госпоѓата Царовска беше министерка, вакво нешто можеше да се очекува, но, кога министерот и заменик-министерот се Албанци, тоа не бара дополнителни коментари.Ако се жалите дека немате експерти од областа на ИТ или преведувачи, како и секогаш ќе ви помогнеме со нашите експерти, но, признајте дека не сте во можност да управувате и да го имплементирате албанскиот јазик како официјален јазик за кој едвај ве убедивме да гласате кога го условивме ова прашање во Собранието, велат од АА.