АА: Годинава ќе имаме продлабочување на кризата

од Stefanija Kuzmanovska

Алијанса за Албанците во неколку јавни настапи пред пошироката јавност презентираше факти, аргументи и конкретни примери за хаосот што го направи актуелната влада и РКЕ со одобрувањето на новиот тарифен систем за струја и фрапантното поскапување на струјата за семејните потрошувачи, особено за малите деловни корисници, раст кој донесе несакани и негативни ефекти врз економскиот пазар во земјава.

„Поскапувањето на струјата во време кога показателите за сиромаштија се зголемуваат, а показателите за економскиот развој и оние за приходите на граѓаните постојано се намалуваат, е израз на екстремен цинизам, карактеристичен за владите кои губат секаква поврзаност со реалноста.

Во текот на месец јуни 2022 година, РКЕ одобри зголемување од над 60% на цената на индикаторот за снабдување со електрична енергија за малите деловни потрошувачи, со што крајната цена за снабдување и дистрибуција на електрична енергија беше на нивоа од 279 € за MWh, цена многу пати повисоко во споредба не само со земјите од регионот, туку и со некои други земји-членки на ЕУ и со поразвиени економии. Оваа висока цена за оваа категорија на потрошувачи беше тежок и убиствен удар за малиот бизнис, со кој многу бизниси беа затворени неможејќи да постојат, оставајќи илјадници членови на семејствата без работа.

По создавањето на овој хаос и откако наиде на жестоко противење од Алијанса за Албанците, стопанските комори и деловните здруженија за овие фрапантни поскапувања на струјата за категоријата мали бизнисмени потрошувачи, сегашната влада беше принудена да размислува и на 29.12.2022 година одобри намалување во цената на струјата за оваа категорија потрошувачи, намалување кое се наплаќа како успех на гласното и разумно противење на споменатите фактори, а не на оваа власт која брои само неуспеси, скандали и корупција.

Но, иако цената за оваа категорија е намалена, сепак е многу висока за значителен дел од занаетчиството и услугите што ги нуди оваа категорија на потрошувачи.

Алијанса за Албанците ја советуваше и ѝ понуди на актуелната влада опција да одобри тарифни опсези (блокови) и за оваа категорија потрошувачи, каде што во првиот и вториот опсег цените се пониски и разумни, додека третиот и четвртиот опсег да ги имаат сегашните цени, но за жал истите не беа прифатени.

Го информираме и јавното мислење дека во текот на изминатата година, во отсуство на локално производство и погрешни политики во текот на овие 30 години во областа на енергетиката, за задоволување на потребите од снабдување со електрична енергија, преку јавни набавки се увезуваше струја за што над 400 милиони евра се издвојуваат од државниот буџет, пари од даночните обврзници на оваа држава.

Само еден податок, со овој трошок од 400 милиони евра, може да се изгради хидроцентрала до предфизибилити фаза со висока брана (до квотата над 440 метри надморска височина), каде што годишниот производствен капацитет на оваа хидроцентрала, централата би била од 1.000 GWh/годишно, што значително би придонело за намалување на увозот и за енергетската сигурност на земјата.
Но, за жал, актуелната власт ги нема вистинските визии и капацитети да гради стратегии и капацитети од витално значење за економијата на државата.

Алијанса за Албанците на средби со граѓани и претставници на стопанските и малите стопански комори слуша и гледа во нивните очи екстремен гнев и незадоволство во однос на мерките што ги презема актуелната власт во економската и енергетската сфера. Поскапувањето на струјата и другите даноци кои оваа влада планира да ги зголеми се застрашувачко предупредување дека годинава ќе имаме продлабочување на кризата и рецесија на економијата во државата“, соопштија од Алијанса за Албанците.

Слични содржини