289
Алијанса за Албанците и Алтернатива најавија дека ќе ги блокираат законите поврзани со антикризните мерки за ковид-19 од петиот пакет.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет на која на дневен ред се трите закони е закажана за попладнево во 18:30 часот.
Според координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи, пратениците веќе ги потпишуваат амандманите кои, како што наведе, ќе бидат преку 3.000.