Од Алијанса за Албанците бараат министерот за здравство Беким Сали да ја посети хируршката клиника.
-Откако беше поплавена од дождот, зградата на хируршката клиника во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје, поточно операционата сала и дел од одделот на Универзитетската клиника за торакална хирургија, беа опфатени од пожар и со тоа се загрозија животите на пациентите коишто беа сместени во установата. Овој пат за среќа немаше загинати ниту пак повредени.Алијанса за Албанците прашува:Дали има технички прием за операционата сала и другите делови на реновираниот репарт, ако да, кој го има потпишано?Зошто не функционира операционата сала којашто беше двапати отворена за функционирање од страна на владата на СДСМ-ДУИ за ниски политички поени и беше прогласена како хируршка сала „со светски стандарди”?Зошто директорот на клиниката не го известил министерот за здравство и што е најскандалозно, тој бил информиран дури по четири дена?Алијанса за Албанците бара:Министерот за здравство, г. Сали, итно да ја посети клиниката и да се произнесе за овој случај!
Министерот за здравство да побара одговорност од Директорот Јакупи за неговите евентуални пропусти и неговото ноншалантно однесување кон институцијата – министер за здравство!Владата на Северна Македонија треба да иницира реинтеграција на Универзитетските клиники по забрзана постапка за да се избегнат трагедии од ваков тип и непослушност на партиските директори, велат од АА.