Алијанса за Албанците jа поздрави извршната одлука на претседателот на САД, Џо Бајден.
„Извршната наредба на претседателот Бајден ја погодува корупцијата, Владата да не манипулира“, соопшти партијата и нагласува дека од своето основање е сериозно заинтересирана за расчистување на политичката сцена од такви елементи кои стануваат пречка за развојот на сите нивоа, како и на патот на интеграцијата во Европската Унија.
„Убедени дека коруптивни елементи имало во сите претходни влади како и во сегашната, потврдени и во извештајот на Транспаренси интернешнл, ја оценуваме како несериозна тенденцијата на заменик премиерот за борба против корупцијата како и владата да го сокријат целосниот неуспех во борбата против криминалот и корупцијата, пристапувајќи кон оваа наредба само од политичката призма на Охридскиот и на Преспанскиот договор“, се вели во партиското соопштение.
По декретот на американскиот претседател Бајден, со кој се најавува дека САД ќе ги става на црна листа сите кои работат против Преспанскиот и Охридскиот договор и работат на дестабилизација на Западен Балкан, извесно е дека на црната листа со потпис на американскиот Претседател ќе се најдат и нови имиња на македонски политичари.