АА: Новите поскапувања на електрична енергија ќе ја отежнат семејната економија

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Сега веќе е станата како непријатна традиција, на секои 6 месеци, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги да ни сервира непријатни вести во врска со поскапувањето на струјата.

По големото поскапување на струјата во текот на месец јуни 2022 година, цените со кои ги плаќавме сметките во периодот јули 2022-декември 2022 година, сега сме на работ на уште едно поскапување, кое неминовно негативно ќе се одрази на семејниот буџет. Но, за да се прикријат неуспесите и неспособноста, вчера и денес, владината пропаганда се обидува ова поскапување да го прикаже како наводно намалување на фактурите, земајќи како компаративна мерка само еден параметар (и не сите параметри) од структурата на пресметката на крајната цена на струјата, со што се обидуваат да создадат идеја во јавноста дека сметките за струја наводно ќе бидат на пониски нивоа, па прокламираат вест која нема друга вредност освен пропаганда, бидејќи реалноста е целосно различна, всушност граѓаните ќе плаќаат сметки на повисоки нивоа во сите блок тарифи во домашниот тарифен систем (домаќински потрошувачи).

Сметката за струја во целост се состои од делот за снабдување со електрична енергија, делот за дистрибуција и делот за данокот на додадена вредност (ДДВ), а во овој случај појасно ви претставуваме како тие ги поместиле (промениле) цените:

1. Делот од снабдувањето со електрична енергија (домаќински потрошувачи)

Цена 31.12.2022 Цена по 01.01.2023 Зголемување

Домаќински дво тарифен – прв блок 4.3484 4.7257 8.68%

Домаќински дво тарифен – втор

блок 4.7017 5.1578 9.70%

Домаќински дво тарифен – трет

блок 5.2877 6.0563 14.54%

Домаќински дво тарифен – четврт блок 14.1025 16.1360 14.42%

Домаќински дво тарифен 0.6193 1.3183 112.87%

2. Делот на дистрибуцијата на електричната енергија

Цена 31.12.2022 Цена по 01.01.2023 Намалување на

дистрибуција

3.3742 2.6800 -20.57%

3. Делот на данокот на додадена вредност (ДДВ)

Во делот на ДДВ од 01.01.2023 на сметките за електрична енергија за домаќинските потрошувачи ќе се пресметува даночната вредност од 10% од таа од 5% што во моментот се пресметуваше.

Со овие нови параметри, еве како ќе се менуваат сметките за струја според блок тарифите

Блок тарифа-прва

Да претпоставиме дека потрошувачот троши 210 kWh во дневната и 450 kWh во ноќната тарифа

Износ на сметката до 31.12.2022 3,590.00 денари

Износ на сметката по 01.01.20223 3,690.00 денари

Зголемување 100,00 денари

Зголемување во проценти 2.79 %

Блок тарифа-втора

Да претпоставиме дека потрошувачот троши 630 kWh во дневната и 1050 kWh во ноќната тарифа

Износ на сметката до 31.12.2022 9,667.00 денари

Износ на сметката по 01.01.20223 9,950.00 денари

Зголемување 283.00 денари

Зголемување во проценти 2.93%

Блок тарифа -трета

Да претпоставиме дека потрошувачот троши 1050 kWh во дневната тарифа и 1850 kWh во ноќната тарифа

Износ на сметката до 31.12.2022 16,842.00 денари

Износ на сметката по 01.01.20223 17,504.00 денари

Зголемување 662.00 денари

Зголемување во проценти 3.93%

Блок тарифа -четврта

Да претпоставиме дека потрошувачот троши 1950 kWh во дневната и 3050 kWh во ноќната тарифа

Износ на сметката до 31.12.2022 38,389.00 денари

Износ на сметката по 01.01.2023 41,410.00 денари

Зголемување 3,021.00 денари

Зголемување во проценти 7.87%

Од дадените примери, јасно е дека во сите блок тарифи од категоријата домаќински потрошувачи, ќе има зголемување на износите на сметките, што ги поткопува ветувањата на актуелната власт дека ќе има намалување во износите на сметките на домаќинските потрошувачи.

Почитувани граѓани, ова зголемување на износите на сметките за струја за домаќинските потрошувачи во пресрет на новата година, е еден од многуте горчливи „подароци” што ни ги испрати актуелната власт во текот на оваа календарска година.

Слични содржини