АА: Одлуката на Судот во Стразбур е надеж за правда во земјава

од Vladimir Zorba
202 прегледи

„Одлуката на Судот во Стразбур, со која конечно се поништува аболицијата на поранешниот претседател, Ѓорѓи Иванов, е голема победа за надежта за правда во нашата земја. Оваа одлука уште повеќе ја зајакнува нашата определба во битката против криминалот и неправдата, ја враќа надежта кај граѓаните и силно удира врз сите оние кои се надеваа и се обидоа да се пазарат со правдата во интерес на криминалците и корумпираните“, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците на денешната одлука.

„Граѓаните и јавноста треба да бидат подготвени и за реакцијата на структурите и поединците кои се погодени и сега се загрозени од одлуката и од нашата борба за правда.

Преземањето одговорност во секторот за правда од страна на АА, без хипотеки на ВМРО, предупредувањето за спроведување на ветингот, формирањето на Бирото за конфискација на криминален имот и генерализацијата на заплената на криминалните имоти, со право создаде паника во редовите на криминализираните партии.

Во последните обиди за спас, структурите блиски до поранешниот режим на Груевски, Мијалков и нереформираната ВМРО, како и другите криминални структури блиски до нив, ќе го зголемат интензитетот на напади, клевети и манипулации. Но, и овој, како и многу други обиди, ќе пропадне и на крајот правдата ќе победи“, додаваат од АА.

Слични содржини