АА: Одлуката за ослободување на Камчев од притвор е скандалозна

од Берта Китинска
371 прегледи

Одлуката на Апелациониот суд за ослободување на Орце Камчев од притвор е скандалозна, велат од Алијанса за Албанците.

– Деновиве во земјата медиумите известија за уште една друга скандалозна одлука на Апелациониот суд во Скопје. Се ослободува уште еден соработник на претходниот режим и на актуелниот хибриден режим предводен од Ахмети-Мијалков-Заев. На ист начин, како и многу други криминалци и Орце Камчев си ја купи слободата, еден од главните обвинети за најтешките дела на злоупотреба на парите на граѓаните. Камчев, исто како и Мијалков, си ја купува слободата токму со парите за кои постои сомнение дека ги има украдено од вашите џебови. Овој случај како и во претходните случаи, само го потврдува тоа што ние го констатираме со години. Во Северна Македонија мафијата создаде држава, мафијата добива државјанство, додека граѓаните коишто немаат 11 милиони евра се држат невини по затворите, истакна на прес-конференцијата Аднан Незири, пратеник на Алијанса за Албанците.

Слични содржини