АА: Поминаа четири месеци од трагедијата во Тетово, се уште никој не одговара

од Берта Китинска
234 прегледи

Од Алијанса за Албанците велат дека и четири месеци по трагедијата во Тетово, се уште никој не одговара за 14-те граѓани кои изгореа живи.

-Актуелниот режим уште од првите денови по трагедијата почна да ја крие вистината, трагите од злосторството и да ги исмева роднините на жртвите депонирајќи ги, а потоа отфрлајќи ги оставките, реагираат партијата.

Според нив за да биде иронијата поголема, „министерот и заменик министерот за здравство не биле разрешени кога живи изгореа 14 тетовци, туку кога требаше да се прават политички пазарења за да преживее режимот“.

-Ова само го потврдува тоа што постојано го предупредувавме, дека власта на хибридниот режим е поважна од животот на граѓаните, соопштуваат од АА.

Слични содржини