АА: Преку субвенциите реална придобивка да имаат и граѓаните, не само компаниите

од Берта Китинска
166 прегледи

Деновиве се активира и станува актуелен процесот на обезбедување електрична енергија за прехранбената индустрија по поволни цени, поконкретно- истата да се снабдува со енергија од страна на државниот снабдувач ЕСМ (Електрани на Северна Македонија), со цена која ќе биде поволна, во споредба со тоа што го нуди универзалниот снабдувач и снабдувачот на либералниот пазар, велат од Алијанса за Албанците.

-Секоја помош, субвенција или олеснување што ќе се создаде за компаниите од прехранбената индустрија во ова време на економска и енергетска криза е на место и добредојдена, но, АА упорно бара овие поволности кои ќе бидат од корист за прехранбената индустрија да бидат условени и рефлектирани со намалување на цените на прехранбените производи, односно да се овозможи враќање на цените на нивоата пред поскапувањето, подносливи за мнозинството граѓани на оваа земја.

Доколку нема условување, тогаш оваа фаворизирачка мерка ќе биде бескорисна и без никаков ефект за потрошувачите на прехранбените производи.

АА во дел од своите јавни настапи упати критики и предупредувања дека со мерките одобрени од РКЕ (Регулаторна Комисија за Енергетика) за поскапувањето на струјата за индустриските потрошувачи (бизниси) на универзалниот пазар, неодамнешното зголемување од 50% ќе биде придружено со зголемување на цените на прехранбените производи.
Но, и покрај овие факти и предупредувачките параметри што ги артикулиравме, владата на РСМ мораше да чека скоро 4 месеци за да ги земе во предвид нашите предлози и сугестии.

Поврзано со оваа тема, уште еднаш повторуваме дека Алијанса за Албанците бара:

– и на образовните установи на сите нивоа (предшколско, основно, средно и универзитетско), здравствените установи, центрите за социјална заштита и оние за стари лица, без разлика на енергетскиот статус на субјектот за снабдување на универзалниот или либерализираниот пазар, да им се овозможат истите поволности и фаворизирани цени што ќе важат за прехранбената индустрија,

– јавното осветлување на институциите на локалната самоуправа (општините), без оглед на енергетскиот статус на субјектот за снабдување на универзалниот,
либерализираниот или пазарот на последна можност, да се снабдува со електрична енергија од универзалниот снабдувач, и

– и покрај тоа што се објави и министерот за економија потврдува, но реално не е спроведен и министерот лаже, да се најде имплементација на формулата за утврдување цена на струјата од снабдувачот на последната можност, каде од просечната месечна цена на енергијата на берзата HUPX да пресмета дополнителна вредност од 20%, наместо 50% што се пресметува во моментов, посочуваат од АА.

Слични содржини