АА: Со нашето доаѓање засекогаш завршуваат наредбите на ВМРО со „тефтерче“

од Nikola Popovski
187 прегледи

Со доаѓањето на АА, eднаш засекогаш завршуваат наредбите на ВМРО-ДПМНЕ со „тефтерче“ за тоа кој станува судија и обвинител, како да се нарачаат монтирани случаи, како да се држи авионот со Албанци во воздух, како да се превртуваат камиони и трактори, како да се прикријат злосторствата на скопскиот плоштад кога го убиваа својот активист, велат од Алијанса за Албанците како реакција на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Според се поизвесно новата владеачка партија, „ВМРО-ДПМНЕ на монтирани случаи, не смее ниту со прст да покажува на предложените министри на АА, затоа што институциите зборуваа за такви работи и се е чисто како солза“.

-Одете до надлежните органи и не фрлајте блуеница со гнев од устата со лаги и невистини. Секогаш на конференции сте им суделе на Албанците. Се сеќавате на случаите како Сопот, убиството на Алмир, Монструм, Куманово, случајот Алфа и други случаи? Немате ниту морално право, ниту кривичен авторитет да ги кажувате овие невистини. Оваа држава ќе биде без менталитетот на Груевски и неговите остатоци во белата палата која е поцрнета од криминалите, стои во партиското соопштение на Алијанса.

Ваквата реакција доаѓа откако од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека братот на предложениот министер за правда од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога е осомничен за убиство.

-Така министер за правда се предлага братот на осомничениот за убиство на Дилавер Бојку. Негова па заменик ќе биде Викторија Мадиќ, кадар од СДС за се, поранешен прв секретар на градот Скопје, за време на поразениот Шилегов, која во јавноста беше позната како новиот Рашковски, бидејќи фирмата на нејзиниот зет добива тендери од над 4 милиони евра од државни институции. Ете братот за осомничен за убиство, и екс секретар на градот попозната како новиот Рашковски сега се луѓето кои ќе ја водат правдата во Македонија. Ова е доказ дека државата е во распаѓање и дека оваа влада единствено го има мандатот за крадење од Ковачевски и Ахмети, но не и легитимитет од народот, соопштија од „Белата палата“.

Слични содржини