АА со одговор до ВМРО-ДПМНЕ: Државниот разум да надвладее над политичките калкулации

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Стратешките партнери на РСМ, оние кои континуирано го поддржуваат нашето патување кон НАТО и ЕУ, очекуваат од нас да ја отстраниме последната бариера за отворање на преговорите за членство во ЕУ: Уставните измени. Секое друго сценарио води кон изолација, несигурност и нестабилност во време кога Европа е повознемирена од кога било, од Втората светска војна, се наведува во соопштението на Алијанса на Албанците.

„РСМ нема друга алтернатива освен членство во ЕУ. Државниот разум треба да надвладее над политичките калкулации. На сите прозападни сили е да се заложат за конечно обединување на континентот.

Жалиме што ВМРО-ДПМНЕ ја заборави својата понова историја и не научи од грешките. Изборните калкулации за стратешки прашања се политичка незрелост за партија која тврди дека е државотворник.

Ги прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, кои се тие сили или држави кои од нив го бараат спротивното од ова и спроведувањето на сценарија кои ја водат државата и регионот по опасен пат?“, наведуваат од АА.

Слични содржини