ААВМУ: Медиумите стриктно да ги почитуваат професионалните и етички стандарди кога известуваат за трагедијата во Кочани

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани и ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства.

Од ААВМУ, исто така, посочувата дека медиумите треба да ја прилагодат севкупната програма/објави и да емитуваат/објавуваат содржини соодветни на ваков настан. Информациите коишто ќе бидат објавени мора да точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да биде јасно кажано

– Медиумите мора најодговорно да водат сметка за рамнотежата помеѓу правото на јавноста да биде информирана и за личната болка и жалост и да избегнуваат да објавуваат експлицитни сцени/фотографии/видеа од настанот, односно стриктно да ги почитуваат професионалните и етички стандарди. При евентуално објавување на сензитивни содржини тие треба да бидат означени со соодветно визуелно и /или акустично предупредување, се вели во соопштението од ААВМУ

Слични содржини