Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади побара од Регионалната курдска управа на северот на Ирак да го поништи илегалниот референдум за независност.

„Референдумот да се поништи и да започнеме дијалог во рамки на уставот“, рече Абади.
Ирачкиот парламент заседаваше во присуство на премиерот Абади и министерот за одбрана, за внатрени работи и тој одговорен за нафтата, советникот за национална сигурност и началникот на генералштабот.
На заседанието, кој го бојкотираа курдските пратеници, присуствуваа 184 парламентарци.
Во говорот кој го одржа, Абади кажа дека нема да води преговори во врска со илегалниот референдум и дека тој треба да се поништи.
„Им се обраќам на курдските лидери: кажете ни дали сакате војна или не“.
Абади вели дека Пешмегрите треба да се повлечат од дискутабилните региони, почнувајќи од Киркук.
Во утринските часови Регионалната курдска управа го одби барањето на Владата на Ирак за предавање на контролата над аеродромите на северот на таа земја.
Агенцијата за цивилна авијација на Ирак побарала од странските компании од петок да ги сопрат летовите во Регионалната курдска управа на северот на земјата.
Абади изјаи дека доколку Багдад не ја препушти контролата на границата во рок од три дена ќе ги сопре сите летови од Регионалната курдска управа на северот на Ирак, пренесе TRT.