Абас: Ерусалим беше, ќе биде и ќе остане палестински

од Nikola Popovski

Палестинскиот лидер Махмуд Абас изјавил дека Палестинците ќе ги преземат сите мерки за да се заштитат.

Абас истакнал дека Ерусалим „бил, ќе биде и ќе остане палестински и исламски“.

„Повикот од Ерусалим нè обединува. Да ги оставиме сите разлики настран“, рекол Абас.

Тој оценил и дека Палестинците „ќе продолжат да го користат правото на самоодбрана, како и заштита на светилиштето“, сè до „соборувањето на окупацијата и воспоставувањето на независна палестинска држава со главен град во Ерусалим“.

Најмалку 56 луѓе се убиени во Газа од понеделникот, кога ескалираше ситуацијата. Во Израел се убиени шест лица.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека меѓу убиените палестински милитанти е бригадирот на Хамас за градот Газа. „Тоа е само почетокот. Ќе ги гаѓаме како што не ни сонувале дека може“, кажа Нетанјаху.

Актуелниот судир е најлошиот од војната во 2014 година во појасот Газа, а расте загриженоста дека ситуацијата може дополнително да ескалира.

Слични содржини