Абас: Секој обид на Израел да ја подели Газа е неприфатлив

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека секој потег на израелските окупаторски сили да ја поделат Газа на два дела е неприфатлив и нагласи дека енклавата е составен дел на Палестина, пренесува „Анадоллија“.

Абас имаше одвоени телефонски разговори со холандскиот премиер Марк Руте и австралискиот премиер Ентони Албанесе, јавува палестинската новинска агенција ВАФА.

За време на разговорот со Руте, тој навел дека неодамнешната изјава на израелската армија дека нејзините сили ја поделиле Газа на два дела е неприфатлива и дека нема посебно политичко или безбедносно решение за Газа, бидејќи таа е нераскинлив дел од палестинската држава.

„Денес постојат северна и јужна Газа“, изјави во неделата портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.

Палестинскиот лидер Абас ја истакна неопходноста од спроведување на политички легитимно решение засновано на меѓународните стандарди за слобода, независност и суверенитет на палестинскиот народ.

Во разговорот со Албанесе тој ја истакнал итната потреба да се запре масакрот на палестинскиот народ во блокираниот Појас Газа.

Слични содржини