Новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, денеска даде заклетва пред Советот на јавни обвинители, а потоа во просториите на обвинителство ја презеде функцијата од Вилма Русковска.
На примопредавањето на функцијата Абази ѝ подарил букет бели рози на Русковска, а таа го информирала за предметите што се водат и му посакала успешна работа.
Абази на изборите на 7 ноември доби 66 гласови од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаат на изборите за шеф на ОЈО ГОКК. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Вилма Русковска доби 14 и Деса Пауновска десет гласа.
Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.