Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“ и оцени дека таа му е потребна на регионот.
Црногорскиот премиер престојуваше во Тирана по повод свеченоста на која му беше врачена почесен докторат на Медитеранскиот универзитет во овој град.
Тој во своето обраќање пред присутните зборуваше за различни теми како што се актуелните политички настани во Црна Гора, иницијативата „Отворен Балкан“, санкциите против Русија, руското влијание и други прашања.
Зборувајќи за политичката ситуација во Црна Гора, Абазовиќ рече дека има „политичка конфузија“, но посочи дека Владата, без разлика што е во технички мандат, работи подобро отколку кога беше во полн мандат.
Абазовиќ, исто така, уште еднаш ја поддржа иницијативата Отворен Балкан, на која претходно ѝ се приклучија Србија, Албанија, Северна Македонија и Косово.
Потсетуваме дека иницијативата Отворен Балкан е развиена од проектот „Мини Шенген“ и ја претставува пред се економската соработка на земјите од Западен Балкан, а кон неа се приклучија Србија, Албанија и Северна Македонија.
Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово официјално не учествуваат. Проектот беше инициран од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и поранешниот македонски премиер Зоран Заев во 2019 година.