Дритан Абазовиќ, вицепремиер на Црна Гора објави дека денеска испратиле ново барање за екстрадиција на Светозар Маровиќ. Како што нагласи, нивната намера е да создадат подобри односи со Србија.
– Сметаме дека ова е оправдано барање за екстрадиција на човек кој е персонификација на криминал. Ние сакаме да одлучиме за ова прашање, во надеж дека ќе најдеме заеднички јазик со Србија и ќе го изведеме Маровиќ пред лицето на правдата. Неоправдано е што г. Маровиќ шета слободно во друга земја и тој призна дека е на чело на криминална група. Неговиот син, иако сега нема да навлегувам во детали, работи и во деловна активност, коментира Абазовиќ.
Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, рече дека Владата денеска испратила барање за екстрадиција на Светозар Маровиќ.
– Едно барање е веќе испратено, по тоа барање од претходната влада, имаше две ургенции, сега тоа барање го имаме по втор пат – рече Лепосавиќ.
Тој изјави дека новина во однос на претходните барања е гаранција за лекување.
– Државата Црна Гора гарантира дека на Светозар Маровиќ ќе му се обезбеди соодветен третман во Црна Гора – рече Лепосавиќ.
Како што беше речено на конференцијата, ова барање нема за цел нарушување на односите меѓу Србија и Црна Гора.
– Особено не е целта да се загрозуваат односите – рече Лепосавиќ и додаде дека треба да работиме заедно на прашањето за екстрадиција на Маровиќ.