Абазовиќ им честиташе на Ковачевски и Рама: Се надевам дека наскоро ќе се сретнеме во големото семејство на европските народи

од Nikola Popovski
240 прегледи

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ им честиташе на премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски и на премиерот на Албанија Еди Рама за отворањето на пристапните преговори со Европската унија (ЕУ).

Северна Македонија и Албанија денеска ги отворија преговорите со ЕУ по речиси две децении чекање.

„Им честитам на нашите пријатели и сојузници Димитар Ковачевски и Еди Рама за почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ. Се надевам дека наскоро сите заедно ќе се сретнеме во големото семејство на европските народи. Западен Балкан заслужува нова вредност, напредок и стабилност“, напиша Абазовиќ на Твитер.

Слични содржини