Абазовиќ јасно го поддржа Отворен Балкан: Тоа не е „Голема Србија“ на Вучиќ

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, изјави дека се залага за регионалната иницијатива Отворен Балкан.

Црна Гора, како и Косово, претходно одби да учествува во иницијативата, но новиот премиер навести во која насока би можеле да се движат економската и трговската политика на новата црногорска влада.

Абазовиќ за приштинската телевизија Клан Косова изјави дека Отворен Балкан е осмислен така што да вклучи шест земји од Западен Балкан, додавајќи дека Косово најмногу ќе има корист од учеството, давајќи им поддршка за прифаќање на иницијативата.

„Отворен Балкан е направен за шест земји, не за пет и пол земји или три и пол земји, туку за шест земји. Секој што учествува се претставува себеси и својата земја. Моето мислење, можеби грешам, е дека најголемиот интерес во регионот е Косово да биде во секоја регионална иницијатива“, рече Абазовиќ.

Инаку, Босна и Херцеговина се уште не изразила јасен и единствен став за овој сојуз, со оглед на тоа што се уште не е постигнат консензус меѓу лидерите. Откако се појави иницијативата и откако беше поддржана од меѓународната заедница во врвот на политичкото раководство на БиХ постои одредена доза скептицизам кон оваа идеја, но многумина веруваат дека тие би имале значителна корист од Отворен Балкан.

Една од причините за неприклучување кон таков економски сојуз што можевме да го слушнеме во БиХ и регионот е дека Отворениот Балкан го иницираше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со цел да се создаде „Голема Србија“. Тоа е причината зошто Абазовиќ го отфрли како глупост, наведувајќи дека во проектот учествува и Албанија.

Слични содржини