Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска најави дека ќе присуствува на самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид и додаде дека се уште не слушнал валиден аргумент дека оваа регионална иницијатива не е добра за Црна Гора.
Абазовиќ, денеска пред новинарите, рече дека претставниците на Црна Гора во статус на набљудувачи и претходно биле на самитите на иницијативата „Отворен Балкан“.
Тој повтори дека треба да се прифати секоја регионална иницијатива која би можела да ја забрза европската интеграција на земјата, нагласувајќи дека нема алтернатива за членството во Европската унија.