Абазовиќ: Концептот за експертска влада е најдобро решение за Црна Гора

од Vladimir Zorba

Откако мандатарот Здравко Кривокапиќ рече дека е задоволен од напредокот во формирањето на владата и дека политичарите можат да учествуваат во неа, доколку бидат квалификувани, водачот на ГИ УРА, Дритан Абазовиќ, рече дека оваа политичка опција нема да дозволи „коцкање“ за националните интереси на Црна Гора.

Абазовиќ на својот профил на Твитер напиша дека концептот на експертска влада е најдобро решение.

„Концептот за експертска влада е најдобро решение и остануваме целосно посветени на таа идеја“, јасен е Абазовиќ.

Тој изјави дека нема дискусија за безбедносниот сектор и дека, според него, е вклучено и Министерството за внатрешни работи, што Кривокапиќ му го понудил на Демократскиот фронт.

„Ние се држиме до договорот и ги почитуваме принципите. Нема да дозволиме никакво коцкање со националните интереси на Црна Гора“, изјави Абзовиќ.

Слични содржини