Процесот на преговори трае предолго, меѓутоа тука постои вина и кај двете страни, т.е. одговорноста е кај двете страни, вели црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ во гостувањето на емисијата „Трилинг“.
Според него, не можат само да кажат дека ЕУ не го направила тоа што го ветила, туку дека и Црна Гора треба повеќе да покаже во одредени сегменти.
-Најголемиот проблеми во Црна Гора се поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на владеењето на правото, потенцира Абазовиќ.
Тој додава дека постоел скептицизам зад иницијативата „Отворен Балкан“ бидејќи се сомневале дека зад оваа идеја се кријат некои великодржавни политички проекти поврзани со идејата за голема Србија.
-Сметаме дека во интерес на целиот регион е да ја интензивираме меѓусебната соработка во ситуцијата кога проширувањето на ЕУ не е приоритет, вели Абазовиќ .