За нас Европската Унија (ЕУ) е главен приоритет и крајна станица на реформскиот пат, изјави вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
Вицепремиерот учествуваше на конференцијата на Seesox (Студии за Југоисточна Европа во Оксфорд), која се одржа на тема „Отворен Балкан и/или Европската Унија“.
Зборувајќи за односот на Црна Гора кон регионалните иницијативи, Абазовиќ рече дека Црна Гора силно поддржува секаков вид на подобрување на соработката.
„За нас ЕУ е главниот приоритет и последната станица на реформскиот пат. Ако го гледаме Отворениот Балкан како алтернатива на ЕУ, тогаш не сме за тоа, но не сум сигурен дека оваа иницијатива е во конфликт со европската интеграција. Целта е да се работи на помирување, но и на подобрување на животниот стандард. Двата најважни „столба“ на трансформацијата на регионот се владеењето на правото и економијата“, рече Абазовиќ.