186
Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ изјави дека на самитот во Охрид на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ дошло до „пресврт со кој регионот треба да се гордее“ и дека Европа „видела поинаков Западен Балкан, отворено разговарајќи за неговата иднина“.
Наместо „кој прв ја почна војната“, тие зборуваа за туризам, бесплатен сообраќај, енергетика, земјоделство, економска и здравствена криза, како и инфраструктура“, вели Абазовиќ во интервју за денешната „Политика“.
Црногорскиот премиер рече дека „Црна Гора е подготвена да придонесе за единство на Западен Балкан“, бидејќи, како што рече, „нема алтернатива на патот кон ЕУ“ за неговата земја.